ШТО Е ТОА МОИСАНИТ?

Моисанит е природен минерал составен од салициум карбонид, на кој му е потрбено лабораториско доработување за да ја добие формата на скапоцен камен. Неговата појава во природата е исклучително ретка и е пронајдена само во карпите на горната обвивка и метеоритите. Ова му ја прави цената одржлива, но сепак пониска од онаа на природниот дијамант.

Моисанитот е откриен пред повеќе од 120 години, а денес – поради неговата реткост, често е лабораториски одгледуван со минимално влијание врз животната средина. Поради својата издржливост, моисанитот може да се најде во различни кроеви, кои на дизајнерите на накит им даваат палета на опции за веренички прстени од моисанит и други видови на накит.

Моисанит vs. Дијамант – главни сличности и разлики

Главното прашање во дебатата Моисанит vs. Дијамант е дали едниот е поубав од другиот? Секако, двата камења имаат своја природна убавина и независно од сличностите и разликите – факт е дека се посебни.  На голо око може да биде многу тешко или речиси невозможно да се забележи дали станува збор за дијамант или за моисанит, па токму затоа на експертите за накит им е потребен „тестер на моисанит“ – уред кој ја мери електричната спроводливост – и лупа за внимателно визуелно испитување.

Сепак, постојат мали разлики во нивната убавина што потрошувачите може да ги забележат.

  1. Кога гледате во дијамант, можете да забележите сјајни бели блесоци и огнени блесоци во боја. Моисанитот ги покажува и двата вида блесоци, но обично има повеќе блесоци во боја отколку дијамантот, што го прави посјајен.
  2. „Класичниот“ моисанит има жолтеникава или кафеава боја, често споредувана со дијамантот во боја. Овој опсег најдобро функционира со нијансите на жолто злато или розово злато и винтиџ стилови. Но, моисанитот денес се наоѓа и во истиот опсег на бои како и белиот дијамант.
  3. На Мохсовата скала (скала за тврдост на камењата – од 1 до 10), дијамантот е добро познат како најтврд материјал. Ништо освен дијамант не може да изгребе друг дијамант. Со цврстина од 9,25 до 9,5, моисанитот е вториот најтврд материјал што се користи како скапоцен камен. Освен ако не го складирате вашиот моисанит со дијамантски накит, многу малку е веројатно дека истиот ќе се изгребе или оштети.

И секако тука е и буџетот, моисанитските камења се природни скапоцени камења најблиски до дијамантот, но во исто време со цена далеку попристапна од дијамантите.

Пет причини зошто да купите моисанит

  1. Моисанитот има неодолива количина на сјај. Неговиот индекс на рефракција е повисок од природниот дијамант, создавајќи повеќе сјај и посебен вид на огнена сјајност во боите на виножитото.
  2. Моисанитот е речиси беспрекорен скапоцен камен. Има големина, јасност и боја како неколку дијаманти, што може да направи да изгледа совршено.
  3. Има пристапна цена, која може да си ја дозволи секој.
  4. Тврд е скоро како дијамант, што го прави всушност втор најтврд природен камен во светот. Ова му овозможува да ја зачува својата форма и да е заштитен од надворешни оштетувања.
  5. Моисанитот е креиран за романтика – поради својата сличност со дијамантот, неговата цена и неговиот природен сјај овој камен е идеален за вашиот веренички прстен или било кој друг романтичен гест!
Shopping Cart